СПОНЗОРСТВА
Со над 200 спортски спонзорства во целиот свет, горди сме што водиме и им даваме поддршка на извонредни спортисти. Нашите спонзорства се повеќе од лого, тие се партнерство од доверба со нашите тимови, спортисти и организации. Тие веруваат во нашите производи за да го постигнат тоа е што е потребно за најдобар успех. Спортистите под покровителство на Herbalife Nutrition, меѓу кои и светскиот фудбалер Кристијано Роналдо и клубот Лос Анџелес Галакси, ги користат нашите производи пред, за време на и по тренинг. Нашите спонзорирани спортисти се вистински амбасадори на брендот и со нетрпение ги очекуваме нивните нови успеси!

Денес, регионот на ЈИЕ гордо спонзорира двајца врвни спортисти, Дејан Завец од Словенија и Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина. Повеќе за овие спортисти може да прочитате во текстот подолу.

DEJAN_photo_site

Дејан Завец

Дејан Завец е поранешен професионален светски првак во бокс во категоријата велтер по верзијата на ИБФ, титула што ја освои на 9 декември 2009 г. во Јоханесбург, Јужноафриканска Република.
Тој е единствен боксер од поранешна Југославија што трипати успешно ја одбрани титулата светски првак.
Стана и светски првак во категоријата супер-велтер, а ја освои и титулата европски првак на Светската боксерска организација.

Активно боксуваше од 2003 г. до 2015 г.
 
Во 2010 г. е прогласен за спортист на годината во Словенија.

Herbalife Nutrition и Дејан успешно соработуваат од 2010 година.

Дејан секојдневно се грижи за кондицијата и посветува големо внимание да има правилна, урамнотежена исхрана. Денот го почнува со чаша вода со Растителен концентрат од алое и Формула 1 шејк. Еден од најдобрите напитоци за него е и CR7 Drive, што го пие за време на тренинзите.


DAMIR_photo_site
Дамир Џумхур

Дамир Џумхур е професионален тенисер, член на Davis Cup тимот на Босна и Херцеговина.

Со победите на „St. Petersburg Open“ и „Kremlin Cup“ во 2017 година стана прв тенисер во историјата што победил на двата турнира во иста сезона. Во 2017 г. заврши и рангиран на 30. место на ATP листата и беше прогласен за најдобар спортист во Босна и Херцеговина.

На Младинските олимписки игри во 2010 г. освои бронзен медал, а во 2016 г. настапуваше на Летните олимписки игри како прв тенисер во историјата на Босна и Херцеговина. Тој е и прв претставник на Босна и Херцеговина на Grand Slam турнирите.

Во 2011 година, што му беше и прва година во сениорска конкуренција, освои четири поединечни ITF титули, а исто толку и во пар.

Тој е единствен тенисер од регионот на ЈИЕ што освои го Европското првенство за јуниори во 2010 г.

Воедно, Дамир е и амбасадор на невладината организација „Save the Children“, која ги промовира правата на децата и им помага на деца од земјите во развој.

Дамир ги користи Herbalife Nutrition производите за време на интензивните тренинзи и турнири. Herbalife Nutrition го препозна потенцијалот на Дамир и неговата желба за успех и со спонзорство, што почна во март 2018 г., сака да му даде максимална поддршка на сите тениски турнири.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 18.09.2020 05:44:24 | NAMP2HLASPX03