Одговорност на Herbalife Nutrition кон општеството
Herbalife Nutrition Foundation (семеен фонд): возвраќање

Основана во 1994 година, Herbalife Nutrition Foundation (семеен фонд) е посветена на подобрување на животот на децата помагајќи ги организациите во обезбедување здрава исхрана за деца изложени на ризик. Herbalife Nutrition Foundation (семеен фонд) неодамна ги поддржа напорите за помош во Хаити и Јапонија. Во 2005 година, Herbalife Family Foundation (семејниот фонд) ја претстави својата Casa Herbalife програма преку која, заедно со постоечките добротворни организации за помош на децата, се обезбедуваат здрави хранливи оброци. Истата година, првата EMEA Casa Herbalife програма беше претставена во Унгарија,

во 2006 година, истата програма беше претставена во Јужна Африка, а секоја година овие програми се претставуваат во многу други земји. До денес, над 120 програми се воведени на 6 континенти.

imagine_if
На кој начин Herbalife Nutrition Foundation (семејниот фонд) се разликува од другите добротворни организации?

Кога Herbalife ќе повика некоја организација да се придружи кон тимот на Herbalife, ние се обврзуваме да обезбедуваме поддршка сé додека има потреба. Освен што финансираме, ние и ги охрабруваме вработените и Дистрибутерите на Herbalife да го потпомогнат исполнувањето на потребите на децата преку нашите Casa Herbalife програми.

Заедно, ние ги менуваме животите на децата со потреби.

Независните Дистрибутери, вработените и пријателите на Herbalife го поддржуваат нашиот Herbalife Nutrition Foundation (семеен фонд), и со цел да продолжи оваа работа, ние и понатаму собираме средства на локално и регионално ниво.

Дознајте повеќе за Herbalife Nutrition Foundation (семејниот фонд) и Casa Herbalife програмата во Ваша близина, и доколку сте во можност, донирајте.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 21.11.2018 06:12:27 | NAMP2HLASPX03