За Herbalife Nutrition Ltd.

Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чија цел е да го направи светот поздрав и посреќен.



Компанијата има мисија за исхрана – да им го менува животот на луѓето со одлични нутриционистички производи и програми – уште од 1980 г. Заедно со нашите Herbalife Nutrition независни дистрибутери, посветени сме да обезбедуваме решенија за глобалните проблеми како што се: лошата исхрана и прекумерната тежина, стареењето на населението, високите трошоци за јавно здравство и сè повеќето луѓе од сите возрасти во претприемништвото. Herbalife Nutrition нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, од кои најголем дел се произведуваат во фабрики во надлежност на компанијата, индивидуализирани совети од независен дистрибутер на Herbalife Nutrition и заедница што дава поддршка и што ги поттикнува клиентите да водат поздрав и поактивен начин на живот.

Производите на Herbalife Nutrition за наменска исхрана, за регулирање на телесната тежина, за енергија и фитнес и за лична нега може да се нарачаат исклучиво преку независни дистрибутери во над 90 земји.

Преку своите заложби за корпоративна општествена одговорност, Herbalife Nutrition ја поддржува Herbalife Nutrition Foundation (HNF) и нејзините програми Casa Herbalife за да обезбедува здрава исхрана за децата на кои им е потребна помош. Herbalife Nutrition се гордее што е спонзор и на повеќе од 190 врвни светски спортисти, тимови и настани, меѓу кои Кристијано Роналдо, ЛА Галакси и бројни олимписки тимови.

Herbalife Nutrition има околу 8.300 вработени во целиот свет, со нејзините акции се тргува на Њујоршката берза (NYSE: HLF), а во 2017 г. оствари нето добивка од околу 4,4 милијарди УСД. За да дознаете повеќе, одете на Herbalife.com или IAmHerbalife.com.

Herbalife Nutrition ги поттикнува и инвеститорите да ја посетат веб-страницата за односи со инвеститори ir.herbalife.com бидејќи таму се ажурираат информациите за финансиската состојба и други информации и се објавуваат нови информации.

За Herbalife Nutrition Foundation
Herbalife Nutrition Foundation (HNF) е непрофитна корпорација ослободена од данок на доход [согласно Американскиот законик за даночно ослободување, дел 501 (c)(3)], посветена на обезбедување здрава исхрана и едукација за исхрана за децата во целиот цвет. HNF поддржува над 130 програми што промовираат здрав раст и развој на децата секој ден. Посветено работиме за да им обезбедуваме на децата правилна исхрана за подобра иднина. HNF често обезбедува и помош при природни катастрофи. Ако сакате да дознаете повеќе за HNF и за тоа како може да им помогнете на децата во нашите програми, одете на HerbalifeNutritionFoundation.org.

pdf-icon
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 21.11.2018 05:49:20 | NAMP2HLASPX04