Herbalife Наука
Посветеност кон наукатаСоветодавниот одбор за исхрана (Nutrition Advisory Board (NAB)) на Herbalife го сочинуваат здравствени експерти кои подучуваат за правилата за исхрана, физичка активност и здрав начин на живот.

Советодавниот тим го сочинуваат:
  • Проф. Д-р. Дејвид Хебер – Претседател на Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife и директор на Институтот за исхрана на Herbalife, Центар за исхрана на човекот, UCLA*
  • Луиџи Гратон, М-р по јавно здравство – Потпретседател на Образование за исхрана, Herbalife

  • Д-р Стив Хениг – Раководител за научни истражувања, Herbalife
  • Д-р Луи Игнаро – Добитник на Нобелова награда† за медицина, член на Институтот за исхрана и на Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife
  • Д-р Гери Смол – член на Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife и член на уредничкиот одбор на Институтот за исхрана на Herbalife
Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife го сочинуваат и 8 експерти кои се исклучиво одговорни за потребите во Европа: Д-р Ралф Роџерс од Обединето Кралство, Марион Флечер-Морс од Германија, Проф. Лазло Халми од Унгарија, ПрофД-р. Ала Погожева од Русија, Хулиан Алварез Гарсија од Шпанија, Хоаким Каетано од Португалија, Проф. Жан де Ла Тул од Франција и Проф. Д-р. Николаос Ситарас од Грција.

Производите на Herbalife се научно потврдени
Посветеноста на Herbalife кон науката и иновациите

Основана во 2003 година, Клеточната и молекуларната лабораторија за исхрана Марк Хјуз е посветена на истражување на границите на исхраната, како начин да му се помогне на човештвото да го достигне својот потенцијал за оптимална благостостојба. Оваа лабораторија ја поддржува мисијата на Herbalife за унапредување на науката преку најпрогресивни достапни истражувачки и развојни технологии.Herbalife Центар за научни истражувања и производство

Врвниот Herbalife Центар за научни истражувања и производство беше неодамна отворен во Herbalife Плаза, во областа Саут Беј, Лос Анџелес. Под водство на Раководителот за научни истражувања, Стив Хениг, тимот од истакнати и посветени програмери и научници ги создава светски познатите производи на Herbalife, ставајќи ја оваа компанија меѓу водечките во светот, во областа за најдобра исхрана и производи за контрола на тежината.

* Универзитетот на Калифорнија, Лоз Анџелес, не потврдува конкретни производи или услуги поради својата политика на работење. † Нобеловата награда е регистриран заштитен знак на Нобел Фондацијата.em>
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 20.09.2017 00:23:30 | NAMP2HLASPX01