ЗА HERBALIFE

Herbalife е глобална нутриционистичка компанија што им помага на луѓето да водат активен, здрав начин на живот уште од 1980 г. Нашите производи, како што се протеинските шејкови и ужините, напитоците за енергија и фитнес, витамините и нутриционистичките додатоци, и комплетната линија производи за капење и за нега на тело, се набавуваат само преку Herbalife Членовите во повеќе од 90 земји.

  • Нето продажба од 4,5 милијарди во 2016 г.
  • Веруваме дека квалитетот на нашите производи и ефикасноста на нашата дистрибутивна мрежа, заедно со географското ширење, се главните причини за нашиот успех во текот на нашето 37-годишно постоење.
  • За да ја зголемиме акционерската вредност се стремиме кон профитабилност и раст

Компанијата има преку 8.000 вработени во целиот свет и котира на Њујоршката берза (NYSE: HLF).

Посветени сме на решавање на глобалните проблеми со лоша исхрана и претерана дебелина на тој начин што нудиме висококвалитетни производи, индивидуализирана поддршка од страна на Herbalife Членовите и заедница што ги инспирира клиентите да водат здрав, активен начин на живот.

Ја поддржуваме Herbalife Family Foundation (HFF) и нејзините Casa Herbalife програми за да помогнеме да им се обезбеди добра исхрана на деца што живеат во тешки услови. Спонзорираме и повеќе од 190 врвни спортисти, тимови и настани од целиот свет, како што се Кристијано Роналдо, ЛА Галакси и шампиони во многу други спортови.

Нашите Членови обезбедуваат индивидуализирана програма за исхрана што едноставно не можете да ја добиете во традиционалната малопродажна средина. Тие се тренери и ги едуцираат и менторираат своите клиенти за основите на правилната исхрана и за тоа како производите на Herbalife може да бидат поддршка за урамнотежена исхрана.


Производите на Herbalife се продаваат исклучиво на и преку мрежа независни Herbalife Членови. Како и многу други лица кои се занимаваат со директна продажба, повеќето учесници се придружуваат едноставно за да добиваат попуст на производите што сакаат да ги користат, но некои се придружуваат и за да заработуваат хонорарен приход преку деловната можност

Исплатата на надомест на Членовите Herbalife ја врши исклучиво врз база на продажбата на производите, а не само на регрутирањето други Членови.

Herbalife обезбедува Златен стандард во заштита на клиентите (за повеќе детали прочитајте го pdf документот за Златниот стандард), односно:

  • Ниски почетни трошоци за Пакетот за Членство во Herbalife и нема задолжителна минимална нарачка на производи
  • Во Изјавата за просечна бруто компензација на Herbalife на потенцијалните Членови им се даваат јасни, точни и навремени информации во врска со потенцијалниот приход.
  • Гаранција за враќање на парите дадени за Пакетот за Членство во Herbalife во рок од 90 дена ако Членството се откаже од која било причина.
  • Цврсти инструкции во врска со тврдењата за производите и деловната можност
  • Гаранција за 100% враќање на парите за сите вратени непродадени производи купени во претходните 12 месеци, плус враќање на трошоците за испорака, ако Членството се откаже од која било причина.

Квалитетот е составен дел на секој Herbalife производ, поткрепен со наука и истражувања, согласно нашата филозофија „Од семе до производ“. Сржта на сè што правиме е темелен и практичен пристап кон нашите производи што влијае врз секој аспект на производствениот процес, од почвата во која се засејуваат нашите семиња, до етикетирањето на производите, амбалажите, дистрибуцијата, и посветеност на квалитет и следење на производствениот процес.

Нашите состојки потекнуваат од избрани земјоделски региони од целиот свет. Кај производители во сопственост на компанијата и производители-партнери, овие состојки ги претвораме во производи со кои обезбедуваме вистински спој на протеини, растителни влакна и неопходни витамини. Нашите вработени, најсовремената технологија и системите за контрола на квалитет низ целиот производствен процес ни помагаат да бидеме сигурни дека секој производ ги исполнува Herbalife стандардите за квалитет.

Развојот на Herbalife производите го водат научни експерти на полето на исхраната и здравјето кои водат сметка Herbalife производите да се базираат на највисоките принципи на правилната исхрана.

Како проширување на нашата посветеност на квалитет и научен интегритет, Herbalife основа Нутриционистички советодавен одбор (NAB). NAB е составен од водечки експерти на полето на исхраната, науката и здравјето кои доаѓаат од целиот свет. NAB помага во едукација и обучување на независните Herbalife Членови како да водат здрав, активен начин на живот и како да имаат правилна исхрана, а ги обучува и за целта и користењето на Herbalife производите.

Нашиот раст се должи на милион клиенти кои ги користат нашите шејкови, ужини, напитоци за енергија и фитнес и производи за лична нега. За да ја задоволиме побарувачката на нашите производи што постојано расте, изградивме мрежа од производствени објекти во сопственост на компанијата кои се наоѓаат низ целиот свет.


Основана во 1980 година, Herbalife тукушто започнува
pdf-icon
Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 24.11.2017 19:29:52 | NAMP2HLASPX04